Центар за Биоинформатика е Приватна устанува за комплементарна и алтернативна медицина лииценцирана од Министерсво за здравство со решение број 17-1028/1. Лоцирани сме во скапоценото зеленило на Средно Водно на 5 километри од градскиот метеж.

Нашата компанија се состои од повеќе луѓе кои неуморно работат на подобрување на вашето здравје со Татјана Илијевска и Кристијан Давидовски на чело на стручниот тим од областа на Применета Биоинформатика.

Дијагностика

Во просториите на нашата установа се вршат дијагностички прегледи со кои може да се утврди функционалната состојба на сите органи. Се мери акциски потенцијал на мембрана на клетка преку кои вредности индиректно може да се утврди функцијата на органите.


Биоинформатичка терапија

Според добиените параметри од дијагностиката постои можност да се состави специфичен комплекс од алгоритми-софтверски инструкции запишани на меѓуклеточен програмски јазик, со кој им се дава инструкции на клетките да се вратат во нормална функција или по потреба да се активира процесот на регенерација во соодветен орган.
Како медиум-носач на информации користиме: калај, маслиново и растително масло, гел.


Биоинформатички комплекси

Биоинформатички комплекси се веќе однапред изготвени готови решенија за третирање на одредени патолошки состоби. Може да бидат во форма на микропроцесори-кои се носат прилепени на кожа и постојано ги информираат клетките како нормално да функционираат. Другиот облик е биоинформатички комплекс – комбинација од маслиново и растително масло, во чија структура се вметнати софтверски инструкции за корекција на соодветниот дисбаланс на организмот. Третиот облик е структуриран гел- кој се нанесува надворешно, најчесто служи за корекција на проблеми со функција на кожа и со различни механизми на делување ги враќа клетките во нормална функција.